Канаѓанка ја тужи ЦИА поради „тајни експерименти“ во болница

Лана Понтинг, која во тинејџерски години била лекувана еден месец во Институтот „Алан Меморијал“, изјавила дека во таа поранешна психијатриска болница во Монтреал, Канада, била подложена на тајни експерименти од страна на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), и поради тоа ја тужи.
Понтинг тврди дека во болницата, каде што била сместена еден месец во април 1958 година, откако судија наредил таа, тогаш 16-годишна, да се подложи на третман за „непослушно“ однесување, станала една од илјадниците луѓе врз кои биле експериментирани како дел од строго доверливото истражување на ЦИА за контрола на умот, јави Би-Би-Си.
Таа е една од двајцата именувани тужители во групна тужба поднесена од канадски жртви на експериментите и тврди дека откако била примена во болницата, станала, без да знае во тоа време, учесник во тајните експерименти на ЦИА познати како МК-Ултра.
МИА
Ново на Сител
-

Дебата за измените на Кривичниот законик
-

Мицкоски: Долгорочен план за развој за повисок квалитет на живот
-

Маглата не попушта, Штип 10 дена под аерозагадување
-

Илјадници светилки и најразлични новогодишни реквизити го осветлија Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Изборот на Хоџа и Сали во среда пред пратениците
-

Владата утре ќе прогласи кризна состојба, за да се користи мазут од стоковите резерви
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
