Кавга меѓу директорот на водовод и Управниот одбор - 54 вработени избркани од работа
54 вработени во скопски водовод се избркани од работа со одлука на Управниот одбор. Сите се стручни лица: механичари, водоинсталатари, инженери, возачи.
„Претседателот на Управниот одбор Идриз Орана со членовите од ВМРО-ДПМНЕ усвоија одлука со која им се прекинува работниот однос на привремено вработените во претпријатието. За ВМРО-ДПМНЕ воопшто не е важно што на овој начин директно се загрозува безбедноста на градот Скопје, но и редовната и непрекината испорака на услугите на ЈП “Водовод и канализација“ до секој дом во главниот град. За ВМРО - ДПМНЕ единствено што е важно е да им се непрекинати нивните партиски вработувања во администрација по системот „клати врата, земај плата“, велат од претпријатието.
Од ВМРО-ДПМНЕ се оградија.
„Сите членови на Управниот Одбор се избрани и именувани на предлог на Данела Арсовска. Колку што сме ние запознаени Управниот Одбор работи согласно законот и статутот на претпријатието. Очигледно во Градот Скопје постои неспособност, голема неспособност и Данела Арсовска“.
СУТКОЗ уште минатата недела испратил писмо и до директорот и до првиот човек на управниот одбор во кое нотира дека работниците се преоптоварени оти недостасува стручен кадар. Уште тогаш синдикатот побарал привремените работници да се вработат на неопределено ако се совесни и професионални.
„Toa би се одразило на нормалното фунцкионирање и извршување на секојдевните работни задачи во претпријатието што доведува до преоптовареност на постојните извршители, неможност за навремено извршување на работните задачи и санација на дефектите на водоводната мрежа на територија на град Скопје. Бараме до крај на 2023 и следната 2024 година да се ангажираат поголем број работници со цел да се релаксира недостатокот на технички персонал“ – Столе Кашиковски, претседател на СУТКОЗ
Од Управниот одбор на Водовод, пак, велат:
„Директорот на 28.08.2023, им ги прекина договорите на 9 вработени, а 5 од нив беа водоинсталатери, 2 оператори за наплата, 1 благајник и 1 санитарен техничар. Очигледно е дека единствен критериум за некој да стане директор на Водовод, е што повеќе да направи штета на претрпријатието, со што повеќе вработени да се искара и да биде понизен и послушен. Впрочем така и доби Драган Илевски менаџерски договор, според овие истите критериуми“, пишуваат оттаму.
-
Мартин Арсов
Сите содржини од овој новинар
