„Кажи не!“ – кампања против сексуалната злоупотреба на деца во дигиталниот простор

Министерството за внатрешни работи, во соработка со Европол и полициските служби од регионот, спроведува меѓународна кампања „Кажи не!“ за подигнување на свеста за сексуалната злоупотреба на деца во дигиталниот простор и заштита на децата и младите од опасностите на Интернет.
Како што информираат од МВР, сексуалната злоупотреба на деца во дигиталниот простор е сериозен облик на криминал, кој може да остави долгорочни последици врз жртвите.
Споделувањето фотографии и видеоматеријали, комуникацијата со непознати лица и злоупотребата на стекнатата доверба се дел од ризиците на кои се изложени децата и младите при користењето на Интернет.
Целта на кампањата е да се подигне свеста кај децата, младите, родителите и пошироката јавност за препознавање и спречување на сексуалната злоупотреба во дигиталниот простор.
Од МВР нагласуваат дека заштитата на децата е заедничка одговорност и оти информираноста, внимателноста и навременото пријавување се важни чекори во спречувањето на злоупотребата.
„Кажи НЕ на злоупотребата. Кажи НЕ на споделувањето интимни содржини. Заштити се себеси и другите!“, порачуваат организторите на кампањата.
Ново на Сител
-

Девет полицајци кривично ќе одговараат за непостапување за смртта на Росица Коцева од Велес
-

На новороденче на Гинекологија му отсекле дел од прст при вадење на инфузија
-

Осум месеци затвор за палењето на дипломатските возила
-

Раководител на технолошка компанија во Грција бил мета на терористичката ќелија
-

Нови меѓусебни обвинувања за Алта Банка
-

„Избриши го видеото или сите ќе умреме уште вечерва“ - Бугарскиот јутјубер Цанов објави нови пораки од Михаилова
-

Историски прашања да останат за историчарите
-

Крај за чекањето на патарини? Македонија подготвува автопати без рампи, ќе се плаќа по изминат километар
