Казино во Кичево фатено како краде струја – со уред од црниот пазар манипулирале броила и направиле штета од 44.000 евра

Во казино во Кичево е откриено неовластено користење електрична енергија со помош на специјален уред за манипулација со броила, а пресметаната штета изнесува над 2,7 милиони денари, односно околу 44.300 евра.
Случајот бил откриен по детални анализи на потрошувачката и континуирано следење на користењето на електричната енергија, по што специјализиран тим за откривање неовластена потрошувачка извршил контрола во казино на улицата „Магистрален пат“ во Кичево.
При контролата било забележано необично однесување на електричните броила, придружено со силно зуење во мерниот ормар. Извршените мерења покажале фреквенции од 225 до 340 херци, што е значително над стандардните 50 херци.
Понатамошната проверка открила дека бил користен специјален уред за манипулација со фреквенции, набавен на црниот пазар. Со него се влијаело врз работата на две електрични броила, овозможувајќи делумно или целосно да не се регистрира реално потрошената електрична енергија.
По откривањето на случајот бил составен записник за неовластено користење електрична енергија и поднесена пријава до Министерството за внатрешни работи, согласно член 235-а од Кривичниот законик.
Дополнително, изготвени се две посебни фактури за надомест на штета за двете мерни места, во вкупен износ од 2.722.798 денари.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Надзорна расправа во Собранието за Алта банка: Опозицијата бара одговори од власта
-

Мицкоски и Филипче со спротивставени толкувања за Алта банка
-

НБРМ поднесе кривични против функционери на СДСМ за Алта банка
-

Македонска организација се најде на египетска терористичка листа на организации
-

Четири тинејџерки одат во воспитно-поправен дом за бруталното насилство врз 13-годишното девојче од Ѓорче Петров
-

Обвинетиот за палење на бугарските возила пресудата ќе ја слушне во среда
