Кенеди: Трамп знае прецизно да ги нацрта границите на Блискиот Исток

Американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди Помладиот раскажа необична анегдота за претседателот Доналд Трамп, тврдејќи дека тој може прецизно да ги нацрта границите на државите на Блискиот Исток.
Говорејќи на конзервативната конференција CPAC, Кенеди рече дека за време на изборната кампања патувал со Трамп во авион, каде разговарале за Сирија.
– Седевме еден спроти друг, јадевме „Мекдоналдс“, а јас пиев диетална кола. Тој ја зеде подлогата, ја сврте и со маркер нацрта совршена мапа на Блискиот Исток, потоа ја означи силата на трупите на секоја земја долж границите – изјави Кенеди.
Во продолжение на говорот, Кенеди го пофали претседателот на САД, истакнувајќи дека поседува „енциклопедиско, речиси молекуларно знаење“ за широк спектар теми – од музика и театар до спорт и бизнис.
– Мојот вујко Џон Кенеди ја разбираше употребата на моќта подобро од кој било претседател пред него, а верувам дека Трамп ја разбира подобро од речиси сите претседатели што сме ги имале, барем од времето на Рузвелт – рече Кенеди.
Ново на Сител
-

Нови 100 возила за брза помош
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ декласирани во Брвеница
-

Дрвокрадците пустошат - Надлежните најавија засилени контроли
-

Преглед на вестите од светот
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
