Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека учеството на Северна Кореја во воените операции на уската територија Курск која беше заземена од украинската војска е оправдана, нарекувајќи ја остварување на суверените права во одбрана на „братска нација“, објави во саботата државната агенција КЦНА.
„Нашето учество во конфликтот беше праведно и спаѓа во рамките на суверените права на нашата Република. Ги сметам сите храбри војници кои учествуваа во операцијата Курск за херои и највисоки претставници на честа на нацијата“, рекол Ким, според KCNA.
Ким, исто така, рекол дека Пјонгјанг нема да се двоуми да одобри употреба на воена сила доколку САД продолжат со, како што ги нарече, воените провокации против Русија.
Северна Кореја официјално не потврди до крајот на април дека испратила неколку илјади војници и оружје во Русија, додека воените врски меѓу двете земји се зајакнуваат според Договорот за сеопфатно стратешко партнерство, што Ким и рускиот претседател Владимир Путин го потпишаа минатата година.
Според украинските и западните проценки, околу 11.000 севернокорејски војници биле ангажирани во регионот Курск за да им помогнат на руските сили. Русија која до минатата седмица ниту го потврди ниту го демантираше нивното присуство, посочуваше дека севернокорејското воено присуство на нејзина територија е во согласност со билатералните договори и меѓународното право.
Ново на Сител
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите