Кина постави обемен ВИ-модел на Кинеската вселенска станица
Кина првпат инсталираше и употреби обемен и професионален модел на вештачка интелигенција на Кинеската вселенска станица, каде што ВИ треба да помага во подготовката за активностите на астронаутите и обезбеди информирана и специјализирана поддршка за нивната работа во Земјината Орбита.
ВИ-системот, познат како „Вуконг вештачка интелигенција“, е лансиран во орбитата со товарното вселенско летало „Тијанџоу-9“. Развиен врз основа на домашни модели со отворен код, тој ги интегрира барањата на мисиите со човечки екипаж во вселенските летала и комбинира претходна обука со фино подесување на инструкциите за да се изгради ВИ-модел во голем обем, специфичен за доменот и база на знаење насочена кон стандардите за вселенски летови. Зоу Пенгфеј од Кинескиот центар за истражување и обука на астронаути изјави за државната „ЦЦТВ“ дека астронаутите можат „да го прашаат ’Вуконг’“ за задачите на дневна основа…
– А, за време на нивната работа, можат да побараат и насоки или знаење во вид на објаснување. Улогата на системот е да им обезбеди на астронаутите директни, прилагодени информации по потреба, објасни Пенгфеј.
Моделот е дел од интелигентен систем за поддршка со прашања и одговори, при што еден сегмент работи на Земјата, а друг – во орбитата. Заедно, тие обезбедуваат длабинска анализа на стручно знаење и сѐ тоа помага во решавањето на предизвикувачки проблеми во реално време.
Моделот е наменет да се справи со сложеноста, разновидноста и огромните барања за податоци на вселенските мисии со екипаж, се вели во известувањето. Користи и обработка на податоци заснована на сите претпоставени можни случаи, за да се обезбедат брзи, точни и јасни одговори.
МИА
Ново на Сител
-
Активни два пожара - Јасен и Јегуновце
-
Во касарната Јане Сандански - Штип презентирани нови 29 лесни оклопни возила - JLTV од САД
-
Охрид и Струга нудат услови за конгресен туризам
-
Преглед на вестите од светот
-
Беснее пожарот на Јасен, регионалниот пат Македонски Брод - Скопје целосно затворен
-
Тема на денот со Никола Најдовски, градоначалник на Демир Хисар
-
Градежните компании ги билдаат цените на становите, а не го плаќаат цел данок
-
Билјана Ивановска влегува во градоначалничката трка во Центар