Ќе ги прифати ли власта предлозите на опозицијата за буџетот?
ДДВ то на сметките за струја да остане 5 отсто и следната година, бара опозцискатата ВМРО-ДПМНЕ. За да немаат домаќинствата зголемени трошоци во време на криза, ја повикаа власта да не ја менува основицата – наместо 10 и 18%, данокот да се задржи на 5 отсто. Опозицијата нема информации колку пари би чинело евентуалното прифаќање на овој закон, односно колку би биле загубиле во буџетот, но сметаат дека со домаќинско работење - пари ќе има.
Во меѓувреме, Регулаторната комисија овој месец ги чека пресметките од енергетските компании - и на 31 декември ќе донесе одлука дали цената на струјата ќе остане непроменета или ќе се зголеми. Дека има зголемен узвоз на струја, чиј цех на крај пак ќе го платат граѓаните, денеска информира и ЕСМ продажба. За декември набавиле 40,600 мегавати за дополнителните снабдувања, односно за компаниите, училиштата и водоводните претпријатија, кои од овој месец се на регулираниот пазар и користат субвенционирана струја од државата. Првичниот план на ЕСМ продажба бил да набават 48,000 мегавати за декември, но со владините одлуки бројката им се зголеми за 16 мегавати повеќе, односно 64 мегавати. За купување на нешто повеќе од половина од потребите платени се 16 илјади евра, без ДДВ. Набавките ќе продолжат и следните месеци, бидејќи државната помош истекува на 31 април.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
