Ќе има ли окрупнување на земјоделското земјиште?
Консолидацијата на земјоделското земјиште е од интерес на земјоделците. Порентабилно производство , намалени трошоци и поголема конкурентност се само дел од придобивките од окрупнувањето на земјиштето. За предноста од консолидацијата на нивните површини денеска беа запознаени и земјоделците од струмичкиот регион. Регионалната работилница имаше за цел да ги информира сопствениците на земјоделско земјиште за принципите и постапките за консолидација, ,но и начинот како да аплицираат на јавниот повик за за консолидација на земјоделско земјиште во текот на март и април. Работилниците треба да помогнат и при изборот на новите 12 потенцијални области за консолидација на земјиште во земјата.
,, Во првата фаза беа избрани 12 региони. Тоа се четири во битолскиот регион, четири во кочанскиот и еден во Ресен. Започната е постапката за консолидација, тоа е долготраен процес кој што трае минимум две до три години.,, рече КИРИЛ ГЕОРГИЕВСКИ – РАКОВОДИТЕЛ НА СЕКТОР ЗА КОНСОЛИДАЦИЈА - МЗШВ
,, Еден од лимитирачките фактори за развој на нашето земјоделство е премногу големата фрагментираност на поседите. Значи најчест пример е каде што имаме земјоделски стопанства каде што што имотот, земјоделското земјиште им е расцепкано на две, три , пет , дури и десет парцели.,, вели НАТАША Љ.АНГЕЛИЌ - ФАО
Земјоделците од струмичкиот регион немаат доволно информации за процесот на консолидација. Не се убедени дека истиот мое да успее во регионот бидејќи бројот на земјоделци од дена ден станувал се помал.
,, Не сум сигурен дека ќе успее овој проект затоа што земјоделците се повеќе ја напуштаат државата и нема земјоделци веќе во Струмица.,, вели ЃОРЃИ ЃОРГИЕВ – земјоделец од село Баница
Проектот ,, Воведување на националната програма за консолидација на земјиште,, или МАНИЛАНД е финансиран од ЕУ. Истиот го спроведува организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО). Имплементацијата започна во 2017,а планирано е да трае до август 2020 година.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
