Клековски наредната недела ќе има средба со повредените од пожарот во „Пулс“ за нивното понатамошно лекување

Министерот за здравство Сашо Клековски веќе имал средба со лекарите во Белград, а во Софија ќе патува во понеделник за да се прецизираат деталите околу понатамошното лекување и сложени операции за повредените млади луѓе во кочанската дискотека „Пулс“. Клековски денеска по посетата на Клиничка болница-Штип најави дека следната недела ќе има средба и со повредените во Кочани.
- Во понеделникот бев во Белград и имав средба со министерот Лончар, за да ги прецизираме деталите. Следната недела, во понеделник ќе бидам во Бугарија на средба во Софија со нивната министерка. Очекувам со тоа да ги финализираме ставовите за следната фаза на лекување на повредените од Кочани. Следната недела планирам да одам во Кочани, да имам средба со повредените и да им соопштам каков е планот-изјави Клековски по посетата на штипската Болница.
МИА
Ново на Сител
-

„Шанса за Центар“ бара повлекување на планот за „Барутана“ на Водно
-

За еден ден 25.000 пријави за вакцинација против сезонски грип
-

Нови закони за концесии и за јавно-приватно партнерство до крајот на годината пред пратениците
-

Во Струмица одбележам меѓународниот ден на руралната жена
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ива и татко и ќе одговараат кога тогаш
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

Нова инвестиција во Битола - нови 2.000 работни места
