Клуч на врата за маркетите кои не го почитуваат законот, најави премиерот
Клуч на врата за маркетите кои не го почитуваат законот за нефер трговски практики. Виновни за високите цени, според премиерот, се дел од ланците кои ги билдаат цените. иако во светот веќе трет месец по ред храната поевтинува.
Докази за кршење на законот вели дека има - затоа најави засилени контроли на пазарана и антимонополска.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.
Утре статистиката треба да ја објави годишната инфлација. Мицкоски очекува повторно да биде околу 4 отсто, иако првичните планови на владата беа да изнесува 2,8%. Наместо намалување и стабилизиција, растот на цените не запира.
За разлика од кај нас, бројките на Организацијата за храна при Обединтетите нации - ФАО за ноември покажуваат дека трет месец по ред храната поевтинува. За двa дена треба да ги објават и декемвриските бројки, но очекувањата се дека падот ќе продолжи. Пониски цени се регистрирани кај млечните произвoди, месото, шеќерот и растителните масла.
Поскапеле само житарките. Најновите прогнози на ММФ пак, окажуваат дека трошоците за живот ќе продолжат да се намалуваат и од 4,2 ќе се спуштат на 3,7 отсто. Инфлацијаат во земјите во развој ќе изнесува 4,7, додека кај нас се очекува да биде 3 отсто.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
