Македонија
1. јуни 2017 - 16:55

Коѕијас најави покана до новиот колега Димитров да ја посети Атина

Една од првите дестинации на новиот министер за надворешни работи, Никола Димитров најверојатно ќе биде Атина.  Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, најави дека по изборот на новата влада ќе го покани Димитров со цел да се интензивира соработката меѓу двете земји, но и бара решение за билатералните проблеми.
 
Коѕијас оваа подготвеност ја соопштил по средбата со храватскиот министер за надворешни, посочувајќи дека за ова го известил и Премиерот Заев во телефонски разговор.
 
- Неколкупати разговарав со господинот Заев и, денеска, откако ќе биде изгласана довербата на новата влада во Собранието, ќе го поканам мојот колега, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во Атина, за да разгледаме начини за интензивирање на соработката, но исто така да ги решиме сите дамнешни проблеми релативно и во духот на демократски консензус. Како што знаете, им кажувам и на моите студенти, како и во министерството, дека приказната мора да биде училиште, а не затвор. И ние сакаме нашиот сосед да го извадиме од затворот во кој сам се стави и да разбере дека дел од европската култура е културата на консензус и на компромис и во внатрешната политика и во соседството
 
Синоќа по изборот на Владата и новиот министер за надвоешни Димитров ја најави средбата со Коѕијас. Во неговата агенда за раководење на овој ресеор приоритет е восдпоставување на добри и пријателски односи, пред се со соседите на Македонија.
 
Димитров вели дека неговите напори ќе бидат во насока на убедување на Унијата и НАТО за  отворање на вратите за Македонија.