Бизнис
10. January 2023 - 21:15

Колку ќе влијае зголемувањето на поврат на ДДВ за физичките лица од 100 денари/месечно?

Се зголемува повратот на ДДВ од скенирање фискални. Наместо 1.800 за три месеци ќе се добиват по 2,100 денари. Измените на законот се во собраниска процедура и се очекува до крајот на наредната недела да бидат усвоени. Ќе почне да се применува за првото тримесечје, што значи зголемената сума за 100 денари месечно од скенирањето фискални,  граѓаните ќе ја добијат некаде во мај годинава. Повратот на дел од ДДВ то од македонски добра и услуги  е во висина од 20% од пресметаниот данок, додека од останатите добра – 10 отсто. Во време на криза, секој денар е важен, велат познавачите. На овој начин ќе се зголеми свеста кај граѓаните против затајувачите.

Ова е една од мерките и за намалување на сивата економија и на некој начин за зголемување на свесноста кај граѓаните дека треба да си побараат фискална сметка од трговците. Иако граѓаните секогаш очекуваат да добиваат поголеми износи на своите сметки, мора да се разбере дека обемот и капацитетот на средствата кои ги располгата УЈП за овој проект се тие и дека се една од мерките кои ќе го подобрат стандардот на граѓаните, изјави Миле Бошков, Бизнис конфедерација на работодавачи.

Една обична пресметка за време на изминативе празници покажа дека за потрошени 15,000 денари главно за храна и пијалоци , повратот бил околу 150 денари , односно на купени производи за   30,000...околу 300 или 600 денари, зависно дали се домашни или страснки артиклии. Ако се следи овој тренд, за да се добие поврат од 2.100 денари, главно при купување храна и основни производи ќе треба да се потрошат 210.000 денари, рамномерно низ 3 месеци, или 11 минимални плати. Или за поврат од  700 денари месечно, ќе треба да потрошат од 30,000 ако се купуваат исклучиво домашни, односно 70.000 денари во тој месец, ако се купуваат исклучиво странски продукти. Инаку, најголем дел од храната е со повластена стапка од 5%, која не влегува во пресметката. Останатите се со 10. Единствено горивата, акцизните производи и гаредоробата имаат ддв од 18%. Или ако месечно на 50 литарски резервоар  се потрошени 4,000 денари, од 720 денари ДДВ ќе добиајт само 72, однсно за 3 месеци нешто над 210 денари.

Затоа од Бизнис конфедерацијата предлагаат да се промени стапката на поврат од домашни производи.

Од друга страна потрошувачите негодуваат, тоа ги слушаме и од нашите членки, кај трговците, некогаш за прозводои кои знаат дека се од домашно производство добиваат нула денари поврат. Тоа мора да се ревидира и да се зголеми групата, односно опфатот македонски произвдои  и да се знае точно кои се тие и со колкав данок се даночат, додава Бошков

Според податоците на УЈП,  фискални сметки скенираат над 500 илјади граѓани. Преку проектот  МОЈ ДДВ до сега вратени се над 80 милиони евра.