Комбе излетало од мост на патот Штип-Радовиш, има починати | ФОТО
Тројца починати работници и двајца тешко повредени е билансот од тешката сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш, каде утринава од мостот на Балталиска Река, во близина на штипското село Лакавица, излета комбе во кое се превезувале работници.
Директорот на ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“, Горан Андонов за МИА вели дека медицинскиот тим на Итната медицинска помош на лице место констатирале смрт на две лица, третиот работник е реанимиран, но подлегнал на повредите. Според првичните информации станува збор за странски работници од Бангладеш, кои биле работно ангажирани за струмичка фирма. Повредени се и еден работник и возачот на комбето.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев за МИА вели дека во моментов кај нив е хоспитализарно едно лице, на кое во моментов му се прават прегледи од лекарите.
МИА
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ вечерва ќе ја финализира листата за градоначалници
-
Teма на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-
Атентат врз поддржувачот на Трамп, Чарли Кирк
-
Дрисла се уште го гуши Скопје
-
Пратениците влегоа и во Разузнавање – Документи не добија на увид
-
Црвените линии на Филипче идната недела во Собранието
-
Стевчо Јакимовски ќе трча за 5. градоначалнички мандат, СДСМ вечерва ќе ја финализира листата на имиња