Македонија
23. March 2022 - 21:07

Комисијата очекува маските за основците да бидат укинати на следната владина седница

Нема препораки за релаксирање на Ковид мерките. 

Членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок иако оцениле дека епидемиолошката состојба е стабилна одлучиле уште извесен период да останат на сила ограничувањата за влез во државата и задолжителното носење маски во затворен простор како дел од мерките.

-Иако е мирна ситуацијата луѓето да бидат свесни дека вирусот е присутен, а вакцинацијата е најбезбедниот начин за спречување на тешка форма на болест, хоспитализација и смртен исход. Комисијата за заразни болести, во согласност со епидемиолошкиот ризик, како и ситуацијата со европските земји ќе продолжи внимателно да ја следи актуелната состојба и доколку постои можност ќе предлага постепено релаксирање на мерките, информираат преку соопштение од Комисијата за заразни болести.

Инаку се уште чекаат зелено светло од Владата последните препораки за олеснување на мерките меѓу кои маските да не бидат задолжителни за основците, а во отворените делови на угостителските објекти да нема потреба од приложување вакцинален сертификат.

-Сите предлози и препораките на Комисијата за заразни болести ќе се разгледаат на наредниот состанок на Централниот координативен штаб за кој се очекува да заседава деновиве. Потоа записникот од Штабот треба да биде усвоен на наредната владина седница. 

-Очекуваме на наредната владина седница да биде усвоен записникот од Централниот координативен штаб, односно дали ќе се прифатат или не сите препораки на Комисијата за заразни болести, рече Муамет Хоџа, портпарол на Владата.

Кога ќе има Кризен штаб и Владина седница нема најава, а до тогаш децата во основно продолжуваат да учат со маски.