Кореjските државјани го сметаат за изолиран случајот во кој беа вербално нападнати
Изолиран случај, вака членовите на меѓународната мировна организација од Јужна Кореа го оценуваат неодамнешниот инцидент во центарот на Скопје кога беа вербално нападнати. Нападот дека се пренесувачи на корона вирусот и погрдните зборови со кои беа нарекувани биле нивно прво такво искуство за сите четири години колку што се активни овде. За македонците имаат убаво мислење и сметаат дека се многу љубезен народ.
,, Тоа беше само еден случај. Нашата организација има многу контакти со Македонија. Соработката и комуникацијата ни е започната уште пред четири години. Сметам дека македонците се многу добри и љубезни луѓе. Тоа што ни се случи беше прв и изолиран случај што го имаме доживеано овде. Рече Еди Че - Hwpl.
Членовите на меѓународната мировна организација за инцидентот кога беа вербално нападнати извинување добија од МНР од каде најостро го осудија говорот на омраза. Претходно тоа го направија градоначалникот на Скопје и техничкиот премиер Оливер Спасовски. „Мир, толеранција и меѓусебно разбирање“ е темата на работилниците кои членовите на оваа организација ги одржуваат низ светот. Таква работилница тие денеска одржаа и во гимназијата во Струмица.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар
