Кос: Сребреница е длабока рана на европската историја
Комесарката за проширување на Европска Унија, Марта Кос денеска преку видео-порака објавена на Икс им одаде почит на жртвите на геноцидот во Сребреница, истакнувајќи оти тоа е „длабока рана во европската историја“ и оти „мора да кажеме не на омразата и величањето на воените злосторници“.
– Денеска сум во Сребреница за да им оддадам почит на жртвите од геноцидот извршен во оваа област пред 30 години, наведе Кос.
Таа посочи дека 8.372 Бошњаци биле систематски убиени, чии останки биле закопани во масовни гробници за да се прикријат трагите од злосторството, а многумина сè уште се водат како исчезнати.
– Сребреница е длабока рана во европската историја. Наша должност е да се сеќаваме, да го кренеме гласот и никогаш да не го свртуваме погледот кога заговорниците на омраза ги доведуваат во прашање човековите права и го поткопуваат достоинството на другите. Мора да кажеме не на поделбите, не на омразата, не на глорификацијата на воените злосторници. Наместо тоа, треба да се свртиме кон заедничка иднина, наведе Кос
Ново на Сител
-
Тошковски изрази сомнеж дека инцидентот со Арсовска е добро смислено сценарио
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
Со тупаници нападната скопската градоначалничка Данела Арсовска при увид на дивоградба во Чаир
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Интензивно се работи на автопатот Прилеп - Битола, Бехтел и Енка бараат уште околу 400 работници
-
Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир
-
Убиениот кај Батинци е припадник на АРМ - имал прострелни рани во градниот кош