Кремљ: Голем дел од Украина сака да биде руски, што одговара на изјавите на Трамп

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека значителен дел од Украина сака да биде руски и дека тоа одговара на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходниот ден рече дека Украина еден ден може да стане руска.
-Фактот дека значителен дел од Украина сака да стане руски и веќе стана руски е реалност – изјави Песков, мислејќи на анексиите на украинските територии во есента 2022 година.
Русија тогаш ги анектираше регионите Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје, откако организираше референдуми во тие конфликтни зони. Во 2014 година го анектира и полуостровот Крим.
-Луѓето кои и покрај бројните опасности чекаа на ред и гласаа за време на референдумот за приклучување кон Русија – тоа во голема мерка одговара на зборовите на Доналд Трамп од вчера – рече Песков.
Американскиот претседател вчера ја спомна можноста Украина „еден ден да стане руска“ и побара компензација за помошта што САД му ја дадоа на Киев.
Ново на Сител
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
