Кристал Палас го отпушти менаџерот

Раководството на Кристал Палас донесе одлука да ја прекине соработката со францускиот тренер Пјер Саж што значи дека последнопласираниот тим во Премиер лигата остана без менаџер. Тој на „Селхерст Парк“ мина само пет месеци.
Одлуката за разделба со менаџерот стигна по серијата порази - четири на последните натпревари, а екипата има освоено само седум бодови по десет одиграни кола во Премеир лигата. Последниот пораз беше од Ливерпул, на домашен терен, со 3:1.
Во Лига Европа Кристал Палас е на 21 место со една победа, две нерешени и еден пораз, но и во ова натпреварување екипата е без победа три натпревари.
Францускиот тренер имаше и несогласувања со управата пред сè околу трансфер политиката. Тој не успеа да ја продолжи серијата успешни резултати на неговиот претходник Оливер Гласнер.
Најсериозен кандидат за испразнетото место е Томас Франк, поранешен менаџер Брентфорд и Тотенхем.
МИА
Ново на Сител
-

Професорот Никола Јанкуловски е нов претседател на Лекарската комора на Македонија
-

Надзорна расправа за работењето на Алта банка
-

Здравствените домови во Југоистокот добиваат нова опрема и амбулантни возила
-

Старите занаети изумираат
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
-

Почна расправата за Законот за јавни набавки
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
