Кривична пријава против две лица поради нелегален транспорт на дрва

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Ц.(44) од село Ботун, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против И.К.(45) од Битола за сторено кривично дело „кражба“, велат од МВР.
Првопријавениот, референт за превоз Шумско стопанство „Галичица“-Охрид, постапил спротивно на своите службени обврски и должности и му го предал чеканот за жигосување на второпријавениот и на тој начин му овозможил да го користи при сеча и обележување на дрвна маса без да обезбеди соодветна контрола и проверка на потеклото и не издал соодветна испратница за дрвната маса од местото на сеча до соодветниот магацински склад.
На 26.09.2026, полициски службеници од СВР Охрид го затекнале второпријавениот како кон селото Црвена вода, општина Дебрца, со товарно моторно возило „сканиа“ со битолски регистарски ознаки врши транспорт на 14 метри просторни огревно дабово дрво без да поседува соодветна документација, по што ги одзеле и ги предале на претставници на Шумското стопанство „Галичица“.
Ново на Сител
-

Кривична против Јани Макрадули – Штета во Пошта од близу 11 милиони денари
-

Нови 100 амбулантни возила за цела Македонија
-

Нова понуда за професионалните војници – До пензија да останат во АРМ
-

Oдложено рочиштето за Државна лотарија поради отсуство на сведокот на обвинителството
-

Правосуден испит на македонски јазик
-

Обвинителите бараат итна одлука од Уставен за намалените плати
-

ССК со предлог - Плаќање по саатнина за поголема продуктивност на работниците
-

Преглед на вестите од светот
