Кривична пријава за вевчанец кој навредувал татко со две аутистични деца од Штип
Зоран Мијалков од Штип, татко на две деца со аутизам случајот со говорот на омраза и насилство на социјалните мрежи, од страна на 35 годишниот Ранко Србакоски од Вевчани го пријави во СВР –Штип. Србаковски деновиве упати низа ксенофобични и расистички навреди на адреса на Мијалков и неговите двајца синови, дека не требало воошто да има деца и дека тие се терет на државата. Мијалков денес преку видео порака одговори дека не е навреден само тој и неговите деца, туку сите деца со аутизам.
- Жално е што и вчера сакав да му дадам шанса, да се покае, да се извине и го поканив на гости да се запознае со мене и децата, за да виде колку греши со тоа што го напишал. Но, за жал не се кае. Затоа што не само моите деца, туку сите деца се навредени, изјави Зоран Мијалков, родител на дете со аутизам.
Децата со пречки во развојот се честа мета на навреди и омаловажување и во реалноста и на социјалните мрежи, поради што за случајот реаигираа и од првата детска амбасада „Меѓаши“.
- Меѓаши реагираше до МВР и Одделот за компјутерски криминал по основ ширење на говор на омраза и насилство преку социјалните медиуми, согласно Член 394 од Кривичниот законик, изјави Клементина Добревска, прва детска амбасада „Меѓаши“.
Мијалков доби поддршка од граѓаните и граѓанските активисти кои бараат санции за Србакоски. Од МВР информираат дека веќе постапуваат по пријавата.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар