Кривична против струмичанец поради обид за убиство на поранешната сопруга

На 31.07.2026 во ПС Струмица, полициски службеници од СВР Струмица извршија службен разговор со З.П. (37) од Струмица, постапувајќи по пријава дека на 31.07.2026 околу 12:40 часот, во угостителски објект во Струмица со остар предмет ја нападнал неговата поранешна 34-годишна сопруга и и нанел повреда во пределот на лицето, по што се дал во бегство, но по кратко време самиот се пријавил во Полициската станица Струмица.
При извршено мерење со дрегер, утврдено е дека З.П. има 1,20 промили алкохол во организмот. 34-годишната жена е пренесена во Медицински центар Штип, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против З.П. поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „убиство во обид, во врска со семејно насилство“ по член 123 став 2, а во врска член 19 од Кривичниот закон и денеска З.П. ќе биде изведен пред судија од Основен суд Струмица.
Ново на Сител
-

САД пренасочуваат дел од парите наменети за воена помош за Европа кон Централна и Јужна Америка
-

Мерц го повика Иран да не го проширува конфликтот во Ирак и да ја прекине блокадата на Ормуска Теснина
-

УНХЦР: Поради обновениот конфликт во Јемен повеќе од 100.000 луѓе се внатрешно раселени
-

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, квадратен метар во Центар достигна 3.360 евра – највисоки цени во првото полугодие
-

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години
-

32-годишен скопјанец исчезнал во Охрид - се трага во вода и на копно
-

ОН: Пронаоѓањето стотици тела под урнатините во Газа ги засилува сомнежите за воени злосторства
-

Жена во Драчево ранета од заталкан куршум додека седела во својот двор
