Кривична за 27-годишник, во неговиот дом пронајдени 24 пакувања со марихуана и 13 пакувања со кокаин

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Д.С.(27) од село Владевци, општина Василево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 06.04.2026 во село Владевци, при преземање на службени дејствија, полициски службеници од СВР Струмица забележале патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал Д.С., а со оглед на тоа што претходно била издадена судска наредба за претрес на неговиот дом, полициските службеници му пристапиле и во моментот на лишување од слобода тој фрлил три пакувања со марихуана, кои се пронајдени и одземени.
Постапувајќи по судската наредба, полициски службеници извршиле и претрес во неговиот дом каде се пронајдени 24 пакувања со марихуана, 13 пакувања со кокаин и две дигитални ваги.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и во службен разговор изјавил дека дрогата му била подготвена за продажба. Д.С. е изведен пред судија од Основен суд Струмица кој му определил мерка притвор.
Ново на Сител
-

Пред пратениците предлогот за именување нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

Трамп: Одличен ден за светскиот мир, ова може да биде „златна ера на Блискиот Исток“
-

Денеска е Велика среда
-

Пад на цените на нафтата по објавата на Трамп за примирје со Иран
-

Иран: Разговорите со САД ќе започнат во петок, во Исламабад
-

Без струја одредени делови од Скопје
-

Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди
-

Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста
