Македонија
27. March 2026 - 13:55

Кривична за татко од Крива Паланка за запоставување на родителската должност

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против А.Р.(38) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“.

Во периодот од 20.01.2026 до 25.02.2026, пријавениот ја запоставил родителската должност за грижа и воспитување на неговото дете, со што му овозможил да изврши повеќе кривични дела на подрачјето на општина Крива Паланка, соопшти МВР.