Кривична за тројца полициски службеници кои малтретирале малолетник во Охрид по обид за бегство со мопед

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до ОЈО ГОКК- Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против С.С., Б.Г. и Ј.И. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик.
На 29.07.2026 околу 05:05 часот во Охрид, пријавените С.С. и Б.Г., полициски службеници од СВР Охрид и Ј.И., полициски службеник од Србија, при вршење на службени дејствија сопреле мотоцикл управуван од малолетник без дозвола, кој се обидел да побегне. Набргу го фатиле и кон него употребиле физичка сила, гумена палка и тврд предмет и му нанеле повреди на повеќе делови на телото. По наредба на ОЈО ГОКК, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди достави барање до надлежната служба за внатрешна контрола при МВР на Република Србија за вршење службен разговор со Ј.И..
Одделот за внатрешна контрола против полициските службеници С.С. и Б.Г. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работно место-суспензија.
Ново на Сител
-

Убиство во Скопје: 38-годишен маж пронајден мртов со прострелна рана на ногата
-

Обвинение за насилникот од Битола
-

Граѓански протест во Охрид против насилството врз жените
-

Македонија се подготвува за тешка зима, Владата уверува дека има план
-

Митрески: Наместо да ја купуваат, државните институции да си произведуваат бесплатна сончева енергија
-

Мажите над 45 години еднаш годишно да одат на уролог
-

Преглед на вестите од светот
-

Верници и туристи воодушевени од раскошот на храмот „Св. Константин и Елена“
