Македонија
31. October 2026 - 12:17

Куче без надзор и маска каснало жена во Кратово, сопственичката доби кривична пријава

Кривична пријава за предизвикување општа опасност добила 35-годишна жена од Кратово, откако го пуштила своето куче да се движи без надзор и без заштитна маска, по што животното каснало друга жена.

Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 12 октомври на улицата „Глигор Пазавански“ во Кратово. Жената го оставила кучето без надзор и маска, а тоа подоцна ја нападнало и ја каснало М.К.

Против 35-годишната жена ОВР Кратово поднело кривична пријава за кривично дело „предизвикување општа опасност“.