Македонија
14. August 2025 - 13:07

Kуче врзано влечено со автомобил па фрлено во речно корито во Крива Паланка, го спасиле пожарникари | ФОТО

Во близина на Крива Паланка е регистриран вознемирувачки случај - куче врзано за автомобил влечено по патот. На социјалните мрежи се објавени фотографии на кои се вознемирувачката слика.

Кучето потоа било фрлeно во речно корито, а го спасиле пожарникари од Крива Паланка.

„По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање на надлежните институции кое по претходно малтретирање било фрлено во коритото на Крива Река. За жал уште една немила ситуација на изживување и измачување на Животните,“велат од ТПЕ Крива Паланка.

 

 

– Процедурата за вдомување ќе може да започне следната недела, кога ќе се опорави од претрпената траума. Идентификуван е сторителот на овој брутален чин и против него ќе бидат преземени законски мерки од надлежните институции – соопшти активистката Тања Ололовска Ристевска, додавајќи: „Да му обезбедиме топол дом. По сето ова, заслужува да живее опкружен со љубов и грижа.“