„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
Фудбалската федерација на Македонија потпиша договор за соработка со „Ладна Вода“, со што компанијата „Магрони“ станува нов партнер на македонските фудбалски репрезентации.
Од ФФМ посочуваат дека новото партнерство е дел од заложбите за обезбедување подобри услови за националните селекции, како и пример за вклучување на приватниот сектор во поддршката на македонскиот спорт.
Филип Поповски од Фудбалската федерација на Македонија истакна дека секоја компанија која ја препознава важноста од вложување во репрезентацијата и подобрување на условите за нејзино функционирање е значаен партнер за Федерацијата.

Од компанијата „Магрони“, пак, нагласуваат дека македонската фудбалска репрезентација е еден од најзначајните спортски симболи во земјава и дека преку оваа соработка сакаат конкретно да придонесат за нејзиниот развој и за спортот во целина.
Партнерството со „Ладна Вода“ треба да претставува дополнителна поддршка за националните селекции и за понатамошниот развој на македонскиот фудбал.
Ново на Сител
-

Интензивно се работи на автопатот Охрид-Кичево
-

Преглед на вестите од светот
-

Трајанов: Сега е времето да ги бараме досиејата на УДБА
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување насилен екстремизам
-

До 15 години затвор за корупција
-

Мицкоски: Имаме најстабилна Влада во овој дел на Европа
-

Полицијата ќе отстранува потенцијални насилници од сопствениот дом на 48 часа
-

Почна расправата за буџетот: Колку ќе собере, а колку ќе потроши државата догодина?
