Лаи: Тајван сака мир со Кина
Тајван сака мир и дијалог со Кина, бидејќи во војна нема да има победник, но властите во Тајпеј мора да продолжат да ја зајакнуваат одбраната на островот, изјави денеска претседателот на Тајван, Вилијам Лаи, по повод една година од неговото стапување на функцијата.
Кина го нарекува Лаи „сепаратист“ и ги отфрла неговите предлози за преговори. Лаи, пак, ги отфрла претензиите на Кина за суверенитет над островот, истакнувајќи дека само народот на Тајван може да одлучува за својата иднина.
Портпарол на владата во Тајпеј минатата недела изјави дека Тајван не може да ја исклучи можноста Кина да спроведе воени вежби во близина на островот, кои би се совпаднале со годишнината.
Во разговор со новинарите, Лаи посочи дека народот на Тајван сака мир.
- И јас сум посветен на мирот. Затоа што мирот е бесценет, а во војна нема победник. Но, кога станува збор за стремежот кон мир, не смееме да имаме соништа или илузии, рече тој.
Тајван ќе продолжи да ја зајакнува својата одбрана, бидејќи тоа е најдобриот начин да се избегне војна, додаде Лаи.
- Повторно нагласувам дека Тајван е подготвен за размена и соработка со Кина, сè додека има заемно почитување на достоинството. Комуникација што ќе ги замени ограничувањата, дијалог наместо конфронтација, додаде тој.
Министерството за одбрана на Кина минатата недела соопшти дека Лаи е „создавач на кризи во Тајванскиот теснец, кој го зголеми антагонизмот и конфронтацијата и го поткопа мирот и стабилноста“.
Ново на Сител
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Премиерот потврди: Здравство останува во Вреди
-
Дали ќе има независни кандидати на локалните избори? Уставен ги укина спорните одредби на изборниот законик
-
Уставен суд: Скандал е поништениот избор за уставен судија
-
Дел од Македонија повторно без струја