Лами: Преку ново стратешко партнерство, ја зајакнуваме соработката со Северна Македонија
Ја зајакнуваме соработката со Северна Македонија преку ново стратешко парнерство, објави на платформата Х секретарот за надворешни работи на Обединетото Кралство Дејвид Лами по повод потпишувањето на Декларација за стратешко партнерство меѓу двете земји.
- Преку ново стратешко партнерство, ја зајакнуваме соработката со Северна Македонија за зголемување на инвестициските можности, справување со нерегуларната миграција и зајакнување на заедничката безбедност. Драго ми е што се видов со Тимчо Муцунски - со нетрпение очекувам повторно да го угостам на Берлинскиот процес, пишува Лами.
Декларација за стратешко партнерство меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска вчера во Форин офисот во Лондон ја потпишаа шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски и британскиот секретар за надворешни работи Дејвид Лами.
Муцунски на Фејсбук објави дека со ова се отвора ново поглавје во односите меѓу двете земји и се зајакнуваат билатералните односи со Обединетото Кралство.
- Средба од историско значење, која отвора ново поглавје во билатералните односи помеѓу двете земји, во чии рамки ја потпишавме Декларацијата за стратешко партнерство. Овој документ ќе ги зајакне и унапреди стратешките односи меѓу двете земји, вклучително и соработката во областа на надворешната политика, безбедноста и одбраната, особено во рамките на НАТО. Разговаравме и за неодамнешниот договор „влада со влада“, кој ќе ја зголеми трговијата, ќе го поттикне економскиот раст и ќе овозможи реализација на низа инфраструктурни проекти. Разговаравме и за нашето сојузништво во рамките на НАТО, како и за соработката во мултилатералните организации, наведува Муцунски во објавата на Фејсбук.
МИА
Ново на Сител
-
Инвазија на Кратери во Скопје
-
Кривична против 17-годишник од Скопје, во продажен објект со остар предмет одзел пари од вработените
-
Од 1 септември учениците ќе имаат учебници по странски јазици
-
МЗ: Хоспитализација на деца наместо во Козле, времено во Детската клиника и на Инфективната клиника
-
ЦУК: Изгаснати 28 пожари, активен еден пожар во општина Василево
-
Од утре многу топло време, следната седмица над 40 степени
-
Сообраќајна несреќа на влез во Скопје, сообраќајот се пренасочува
-
Доктори од Клиниката за онкологија вршат прегледи во болницата во Битола, а од идната недела и во болницата во Тетово