Лавров: Иран има неотуѓиво право да збогатува ураниум

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Иран има неотуѓиво право да збогатува ураниум, а Москва е подготвена да помогне во решавање на прашањата за иранската нуклеарна програма.
- Таа улога може да има многу форми, вклучувајќи ја преработката на високо збогатен ураниум во ураниум за гориво, префрлањето на одредена количина во Русија за складирање. Сè што е прифатливо за Иран без, повторувам, да го наруши неговото неотуѓиво право, како и правото на која било друга земја, да збогатува ураниум за мирновременски цели, посочи Лавров.
Според него, Русија ќе прифати каков било пристап заснован на „принципот на универзалност на правото на збогатување“ ураниум, без оглед на тоа дали Иран одлучи за време на преговорите со САД да го паузира збогатувањето или „инсистира да го зачува тоа право“.
Иран е потписник на Договорот за неширење на нуклеарно оружје од 1970 година, кој им дава на земјите право на мирновременска нуклеарна програма со заштитни мерки, но Договорот не го споменува експлицитно збогатувањето на ураниум.
Русија беше дел од Сеопфатниот нуклеарен договор (ЈЦПОА) од 2015 година меѓу Иран и шест нуклеарни сили, кој му понуди на Техеран олеснување на санкциите во замена за ограничување на неговата нуклеарна програма и поголем меѓународен надзор. Како дел од договорот, Москва презеде големи количини збогатен ураниум на Иран.
Кремљ му понуди политичка поддршка на Иран кога САД еднострано се повлекоа од Договорот за време на првиот мандат на Трамп.
МИА
Ново на Сител
-

Инцидентот во синагогата е аларм за државата, службите треба да ги обезбедат сите витални објекти
-

Масакр во училиште во Турција, 14-годишен ученик усмрти соученици и наставник
-

Средба Муцунски-Прево: Билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на проширување
-

Тема на денот со Маринела Величкова, дописник од Скопје за БТА
-

Скопје на патот до престолнина на културата
-

Постхумно одликуван д-р Анастас Коцарев со одренот “Илинден 1903”
-

Преглед на вестите од светот
-

Трговците сами си ја намалиле заработката за да нема нагло поскапување на производите
