-->
-->
Лавров: Каде се доказите дека Иран развива нуклеарно оружје
-->

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека Москва сè уште не добила никакви докази дека Иран развива нуклеарно оружје, објавија британските медиуми.
„Досега не видовме докази дека Иран развива нуклеарно оружје, а ова беше главното, ако не и единственото, објаснување за војната“, рече Лавров, цитиран од руските медиуми.
Министерот, исто така, нагласи дека сега има директна потврда од Меѓународната агенција за атомска енергија дека Иран „не произвел, ниту се обидел да произведе нуклеарно оружје“.
Во меѓувреме, МААЕ денеска потврди дека неодамна имало оштетувања на објектите на влезот во иранската подземна инсталација за збогатување ураниум во Натанз.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Лица со хемофилија без терапија а донација стои во магацин 1 месец
-

Примирјето во Либан стапи во сила
-

Европски конгрес на абдоминални хирурзи во Скопје
-

Илон Маск донатор во Стоби
-

Доградба на ОУ „Страшо Пинџур“, од следната учебна едносменска настава во цела О. Ѓорче Петров
-

Мицкоски: Нема проблем во снабдувањето со нафта
-

Мицкоски: Имам се посилни чувства
-

Тошкоски на средби во Вашингтон
