Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика
Украинскиот режим го издигна неонацизмот на ниво на државна политика, оцени денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој ги обвини Вашингтон и Брисел дека ја предизвикале украинската криза.
– Особено е важно во годината на 80-годишнината од големата победа во Втората светска војна да се посвети внимание на зачувувањето на историската вистина, пред сè во врска со настаните од тој период. Тоа е неопходно за спротивставување на варварската идеологија на неонацизмот, кој злосторничкиот режим во Киев го издигна на ниво на државна политика, рече Лавров во обраќањето до учесниците на 16. Меѓународна конференција на Јалта.
Тој додаде дека конференцијата значајно придонесува за непристрасно разбирање на актуелните глобални политички прашања – од евроазиските интеграции до решавањето на бројни конфликти.
– Ќе разговараме и за деструктивната улога на колективниот Запад на постсоветскиот простор, вклучително и во контекст на украинската криза, која ја предизвикаа Вашингтон и Брисел, истакна Лавров.
МИА
Ново на Сител
-
Отишле да се сместат во дом, чекале ред повеќе од 12 часа – студентите бараат дигитализација на процесот на сместување во студентските домови
-
Мицкоски: На сите им е јасно дека реформите во судството се сведуваат на зголемување на платите на судиите и обвинителите
-
Мицкоски: Растот на платите покажа дека тезата на СДСМ не држи вода
-
Корупцијата и организираниот криминал имаат силно влијание врз независното функционирање на институциите и државата
-
Водостојот на Охридското езеро продолжува да опаѓа
-
Преглед на вестите од светот
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“