„Лејди антебелум“ го промени името во „Лејди А“ поради расистичкиот контекст

Кантри-групата „Лејди антебелум“ го промени името на составот во „Лејди А“ и изрази жалење затоа што старото име потсеќало на времето на робовладетелството во САД.
Членовите на еден од најуспешните американски кантри-состави, во отворено писмо соопштија дека пред 14 години го нарекле така по архитектонскиот стил на куќата во којашто ја направиле својата прва заедничка фотографија. „Antebellum” (на латински – „пред војната“) е архитектонски стил карактеристичен за куќите на робовладетелски југ на САД пред Граѓанската војна (1861 – 1865).
„Меѓутоа, нам ни е жал и се чувствуваме посрамено што не го зедовме предвид значењето на тие зборови кои се однесуваат на времето пред Граѓанската војна, вклучувајќи го тука и ропството. Изразуваме огромно жалење поради нанесената болка и за секого што се почувствувал несигурно, незабележан или неважен”, се вели во известувањето.
Изразот Антебелум се користи и за опис на културата на југот на САД пред Војната.
Промената на името на групата уследи по масовните протести поради расизмот во САД, коишто пак, беа поттикнати од смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.
Бендот е основан во Нешвил 2006 година и е нajпознат по хитот „Need You Now” за којшто доби и Греми.
Ново на Сител
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
-

Одбиено барањето за спојување на судските постапки за трагедијата во „Пулс“
-

Државата мора да издвои повеќе пари ако сака да се справи со семејното насилство
-

Продолжен притворот за 48 часа за сопругот на Ивана, по трагедијата во Карпош
