Лични прозивки и сериозни обвинувања на седницата за поставување опозициски прашања
Жесток судир во Собранието, со лични прозивки и сериозни обвинувања на седницата за поставување опозициски прашања.
Димитар Апасиев го отвори прашањето за бизнисите на баџанакот на премиерот, објавувајќи фотографии и обвини дека во мрежата на фирми поголемиот дел се во Бугарија.
Мицкоски ги отфрли обвинувањата како лаги.
Обвини дека Апасиев преку собраниската говорница изнесува клевети без да сноси одговорност за кажаното.
Го повика јавно на прес конференција да го каже истото па да се соочат на суд.
Во фокусот на прашањата и европскиот пат на Македонија.
Мицкоски и понуди на опозицијата да се вклучи во процесот околу дијалогот со Бугарија откако пратениците на ДУИ побараа детали до каде е процесот на интеграции.
Ги обвини дека денешната состојба и блокада е последица на политиките на претходната власт на СДСМ и ДУИ.
Актуелните случувања за бегството на Ива Михаилова не се најдоа меѓу прашањата на опозицијата.
СДСМ бара одговори како државата ќе го подобри животниот стандард откако беше одбиен предлогот за минималната плата, а се бараа одговори и за депонијата во Куманово.
На седницата беше констатирана и оставката на заменик министерот за здравство Јовица Андовски.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
