-->
-->
Лион ќе се жали поради испаѓањето во Лига 2
-->
Олимпик Лион објави доцна во вторникот дека „веднаш ќе се жали“ на одлуката на францускиот фудбалски финансиски регулатор ДНЦГ да ги исфрли во Лига 2, објавија француските медиуми.
- Ќе се жалиме за да ја докажеме нашата способност да ги обезбедиме потребните средства за да го гарантираме останувањето на клубот во Лига 1. Во последните месеци, тесно соработувавме со ДНЦГ, исполнувајќи ги сите барања со инвестиции кои беа поголеми од потребните, соопшти Олимпик Лион, кој континуирано игра во првата француска лига од 1989 година.
Благодарение на свежите средства од акционерите и продажбата на уделот во Кристал Палас, буџетот на клубот значително се подобрил и тој има значителни средства за сезоната 2025-2026, тврдат уште од Лион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Обновена постапката на Археолошкиот музеј
-
Шекеринска во дводневна посета на Бугарија
-
Тема на денот со Влагојче Атанасовски, политички аналитичар
-
По пожарот во Виница 25 лица побарале лекарска помош, 12 задржани на болничко лекување
-
Пожари на истокот
-
Димовски: Немало организирано следење на Мицкоски
-
Пуштена во употреба делницата Климештани - Охрид, долга 17 километри