Лишени од слобода возачи во Делчево и гостиварско, управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената

На 08.08.2025 во 12:00 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода П.К.(32) од Радовиш. При контрола во патниот сообраќај со радар било констатирано дека П.К. управувал патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки надвор од населено место со брзина од 133 километри на час на место каде што со сообраќаен знак брзината е ограничена на 60 километри на час.
На 08.08.2025 околу 23:30 часот во село Ростуше, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Н.С.(42) од Охрид. Тој со патничко моторно возило ,,сузуки" со охридски регистарски таблички предизвикал сообраќајна незгода, по што при преземање мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека Н.С. е под дјество на алкохол, односно му биле измерени 1,86 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило".
Ново на Сител
-

Општина Ново Село продава 30 парцели за викенд-куќи во Смоларе
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за Богоев
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
