Љуљиета Ќерими ќе чека да поминат изборите за да дознае дали е вработена
Љуљиета Ќерими која се изјаснила како Македонка за да добие работно место во МОН, ќе почека да поминат изборите, за да дознае дали е вработена. Откако собранискиот спикер ги распиша изборите, Агенцијата за администрација започнатите постапки за вработување, меѓу кои и онаа на Ќерими, ги стави во мирување.
Ни МОН не успеа да се изјасни по основ на приговорот добиен за поранешната директорка на училиштето „Хасан Приштина“ во Чаир, бидејќи во тридневниот временски период во кој требаше да го даде ставот, решението за изборите беше објавено во Службен весник.
Предизборно, во Агенцијата за администација биле пуштени над 400 огласи за вработување на административни службеници.
Но, со распишувањето на изборите, вкупно 119 јавни огласи биле ставени во мирување. Сите кои учествувале на овие огласи, ќе знаат дали се вработени дури по завршување на изборниот процес.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
