Македонија
25. May 2025 - 14:11

Локомотива удрила пешак кај Хиподром

Денеска (25.05.2025) вo 01.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на железнички премин Хиподром, локомотива, сопственост на ЈП „Македонски железници“, удрила во пешакот С.Л.(55) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.