Лука и Хана најпопуларни имиња за новороденчињата во 2024

Лука и Хана се на врвот од списокот на најчесто давани имиња за новороденчињата во Македонија во 2024 година. Традиционалните, но и модерните имиња продолжуваат да бидат избор на родителите, кои сè почесто се одлучуваат за кратки и звучни имиња со силно значење.
Државниот завод за статистика (ДЗС) во својата публикација „Северна Македонија во бројки 2025“ објави дека меѓу машките бебиња, најпопуларни биле имињата Лука, Дамјан, Матеј, Марко, Михаил, Јаков, Давид, Јован, Петар и Матео, додека кај девојчињата најчесто се избирале Хана, Јана, Софија, Дуа, Ана, Јована, Миа, Мила, Сара и Бисера.
Според последните податоците на ДЗС, во текот на 2024 година во земјава се родени вкупно 16.061 дете. Од нив, 8.277 се машки, а 7.784 женски бебиња, што ја потврдува благата доминација на машките новороденчиња.
Статистиката покажува дека, и покрај демографските предизвици, родителите и натаму ја негуваат традицијата, но и отвореноста кон нови и современи имиња.
МИА
Ново на Сител
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
-

Преглед на вестите од светот
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
