Лувр останува затворен и денес поради вчерашниот грабеж

Најпосетуваниот музеј во Франција, Лувр, ќе остане затворен и денеска по вчерашниот грабеж, соопшти портпаролот на музејот.
Францускиот министер за правда, Жералд Дарманен, призна дека имало безбедносни пропусти во заштитата на Лувр, кои им овозможиле на крадците вчера да украдат кралски накит среде бел ден од познатиот париски музеј.
– Она што е сигурно е дека потфрливме, бидејќи луѓе успеале да паркираат лифт за мебел во центарот на Париз, да се качат со него за неколку минути, да украдат бесценет накит и да ѝ дадат на Франција ужасна слика, изјави тој за радио „Франс Интер“.
Францускиот претседател Емануел Макрон претходно изрази увереност дека експонатите украдени од Лувр ќе бидат пронајдени и оти сторителите ќе бидат изведени пред лицето на правдата.
Макрон на X напиша дека кражбата извршена во Лувр е напад врз ценетото културно и историско наследство на Франција.
Францускиот претседател изјави дека се преземаат сите активности за фаќање на сторителите и враќање на експонатите, и дека целиот процес го води канцеларијата на парискиот обвинител.
Макрон истакна дека новиот проект за модернизација на Лувр, кој беше претставен во јануари, ќе овозможи зголемена безбедност и ќе гарантира зачувување и заштита на француската култура.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада
-

Тема на денот со Шабан Салиу, министер без ресор
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата и синдикатот пред договор
-

Филипче пресмета од каде да се скрати за да се најдат пари за минималец од 600 евра
