Македонија
5. February 2026 - 19:52

Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада

До утре напладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќаат подадената рака од владата за исплата на 8 отсто додатоците на плата во 3 години, или зголемување на платите до 40 проценти до 2028-та. Првиот човек на УПОЗ, Дејановски, вели дека иако помоалку од она што тие го бараат , сепак ваквата понуда е прифатлива за нив, но се чека мислењето на синдикатите од внатрешноста пред да ја соопштат конечната одлука.

Додека се чека одлуката на УПОЗ, Конфедерацијата на слободни синдикати потврдија дека ја прифатиле понудата за зголемување на платите на административните службеници во рок од 25 до 26 месеци почнувајќи од први март годинава до март 2028-ма и заедно со линеарното покачување дополнително ќе се покачуваат платите по 8% секоја година.

„КСС уште од првиот момент ја прифати понудата кога таа беше изнесена, без опструкции, без калкулации и без злоупотреба на работниците. Нашиот став беше и останува јасен – секоја реална можност за подобрување на материјалната состојба на вработените треба да се искористи веднаш“, велат од КСС.

Условот на владата до УПОЗ е тие да се откажат од колективните договори иако тие не се потписници на истите, туку ССМ. Доколку синдикатот прифати да се откаже од општиот колективен договор овие работници ќе треба да потпишат нови колективни договори.

Независно каква ќе е одлуката на УПОЗ, тие не се откажуваат од барањето за 600 евра минимална плата и остануваат на најавените протести.