М-НАВ: Ставен во функција радарот на скопскиот аеродром

М-НАВ АД Скопје соопшти дека е ставен во функција радарот на скопскиот аеродром. Во текот на изминатите три дена, како што се наведува во соопштението, напорно се работеше на отстранување на дефектот кој се појави на дел од електрониката на радарската глава – Бањски рид. На 24 септември во 16:40 часот, стручниот тим на М-НАВ успешно го отстрани дефектот и ја врати радарската глава во функција, меѓутоа истата до денеска 25 септември до 12 часот подлежеше на неопходни тестирања по кои беше вклучена во системот за контролирање на воздушниот сообраќај на македонското небо, вклучително и Меѓународниот аеродром Скопје, информираат денеска од М-НАВ АД Скопје.
Од М-НАВ уште еднаш потврдуваат дека за временскиот период додека радарската глава Бањски рид била нефункционална, во ниту еден момент безбедноста на воздушниот сообраќај не била доведена во опасност.
Единствено бил намален протокот на Меѓународниот аеродором Скопје со цел да се испочитуваат меѓународните стандарди кои се применуваат во вакви услови на работа.
- Управниот одбор на М-НАВ АД Скопје ве уверува дека информациите кои беа споделени со јавноста од страна на некомпетентни лица, се комплетно неточни и беа искористени со цел да се претстави погрешна слика за работењето на Друштвото, за купување политички поени или нанесување на политичка штета во пресрет на изборната кампања. Ние како професионалци се оградуваме од ваквиот начин на информирање на јавност која пред се влева неоснован страв кај граѓаните, нанесува штета на државата и дополнително негативно влијае врз довербата која ја имаат граѓаните кон институциите, се вели во денешното соопштение од М-НАВ АД Скопје.
Од М-НАВ се се заблагодаруваат на, како што велат, безрезервната поддршка шѓто ја добиле од Владата на Македонија, а особено вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски.
МИА
Ново на Сител
-

Транспаренси: Македонија без напредок во корупцијата, критики за неуспешни реформи во правосудството
-

Ќе се чешлаат сите лиценцирани фирми за канабис, премиерот очекува заплена и до 100 тони
-

Мицкоски: Има политичка волја за правосуден и на други јазици
-

Вештак од Словенија открил низа пропусти во лекувањето онколошки пациенти во Македонија
-

Во Струмица нов протест за почист воздух
-

Стручна конференција: Кој го изврши атентатот врз Киро Глигоров?
-

Јаневска: Со новиот закон нема да се мешаме во автономијата на универзитетите
-

Преглед на вестите од светот
