МААЕ: Проектил ја погодил нуклеарната централа „Бушер“ во Иран

Проектил синоќа ја погодил нуклеарната централа „Бушер“ во Иран, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
Агенцијата, што е тело за контрола и безбедност на нуклеарната енергија на Обединетите нации, преку пост објавен на платформата „Икс“ соопшти во информацијата за нападот добиена од иранските власти немало пријава за штети врз самиот објект ниту повредени меѓу персоналот.
Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, повторно повика на „максимална воздржаност за време на конфликтот со цел да се спречи ризик од нуклеарна несреќа“, се наведува во објавата.
„Бушер“ е единствената нуклеарна централа во Иран, изградена по руски дизајн, сместена околу 760 километри јужно од Техеран, на брегот на Персискиот Залив. Оперативна е од 2011 година.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
-

Локализиран пожарот кај Јабланица
