Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал
Лондонски Арсенал вечерва официјално го објави трансферот на англискиот крилен напаѓач Нони Мадуеке од градскиот ривал Челзи.
Мадуеке потпиша долгорочен договор, а финансиските детали иако не се обелоденети, британските медиуми објавија дека трансферната цена изнесува 48 милиони фунти, со дополнителни четири милиони фунти во бонуси.
Дваесетитргиодишниот Мадуеке се приклучи на Челзи од холандскиот ПСВ во јануари 2023 година и за лондонскиот клуб одиграно 92 натпревари, постигнувајќи 20 голови.
Роден во Барнет, северен Лондон, Мадуеке ги мина младинските категории на Кристал Палас и Тотенхем пред да се пресели во ПСВ на 16 години.
„Враќањето дома ми значи многу. Се радувам што ќе ја внесам мојата енергија и ќе му помогнам на тимот да постигне нови цели“, рече Мадуеке на промоцијата во Арсенал.
МИА
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен судскиот процес за судењето на Раде Трајковски - Штекли
-
Дојран оваа сезона очекува 150 000 ноќевања
-
Преглед на вестите од светот
-
Докторка уапсена за поткуп
-
Тема на денот со професорот Лазар Јовески
-
Нема вода во делови од Скопје, Водовод алармира за енормна потрошувачка
-
Истражните органи бараат докази за дивоградби во Чаир, Сарај, Кисела Вода и Аеродром