Loading Video...
Свет
17. July 2025 - 16:28

Преглед на вестите од светот

Најмалку 69 лица загинаа во синоќешниот пожар во трговски центар во ирачкиот град ал Кут.  Пожарникарите успеале да спасат 45 лица 11-мина се водат за исчезнати. Пожарот од засега непознати почнал на 1 кат од петканиот трговски центар и за кратко време се проширил низ целиот објект. Огнот е изгснат. Властите ветија темелна истрага за да се утврдат причините за несреќата и да се понесе одговорност. 

Сириската војска се повлече од провинцијата Сувајда на југот на Сирија, откако САД  синоќа обајвија дека договориле крај на насилствата мегу армијата и милициите на Друзите. Сириската влада испрати воени сили во провинцијата за да ги смири неколкуденвните судири помеѓу групи на Друзите и бедунските племиња, но на крајот се судрија со борците Друзи.

Повеќе од 350 луѓе загинале во насилствата. Вчера попладне Израел бомбардираше воени мети во Дамаск, меѓу кои и зградата на министерството за одбрана, со објаснување дека сака да ги зашитити друзите и да ги принуди војниците да се повлечат од Сувајда, мнозински наслена со Друзи. 

„Ова се историски, долгогодишни соперништво меѓу различни групи на југозападот од Сирија, бедуините, заедницата Друзи. И тоа доведе доведе до несреќна ситуација и недоразбирање, се чини, меѓу израелската и сириската страна. Мислиме дека сме на пат кон вистинска деескалација, а потоа се надеваме дека ќе се вратиме на вистинскиот пат и ќе ѝ помогнеме на Сирија да изгради земја и да стигнеме до ситуација таму на Блискиот Исток што е многу постабилна , изјави Марко Рубио, државен секретар на САД.

Привремениот сириски претседател Ахмед Ал Шара го обвини Изарел дека се обидува да  ја вовлече Сирија во војна и изјави дека неговата земја да ја прифати провкацијата. Вети дека ке ги заштити Друзите.

„Сирија не е полигон за тестирање на странски заговори, ниту место за исполнување на амбициите на другите на сметка на крвта на нашите деца и жени. Особено им се обраќам на нашите браќа Друзи, кои се составен дел од ткивото на оваа нација. Сирија никогаш нема да биде место за поделби, фрагментација или секташки судири. Потврдуваме дека заштитата на вашите права и слободи е меѓу нашите главни приоритети. Го отфрламе секој обид – странски или домашен – да се сее поделба во нашите редови“, изјави Ахмад ал Шара, привремен претседател на Сирија.

Од приближно еден милион Друзи во светот, поголемиот дел живеат во Сирија, а остатокот во Израел и Либан, вклучително и на Голанската висорамнина.