Дојран оваа сезона очекува 150 000 ноќевања
Дојран подготвено влегува во новата туристичка сезона. Со зголемен број на сместувачки капацитети и богата програма на културни и забавни настани, градот и оваа година се стреми да биде една од најатрактивните дестинации за летен одмор во земјата.Локалните власти за ова лето очекуваат рекордна посетеност со над 150.000 ноќевања, што е значително зголемување во однос на претходните сезони.
И ова лето, покрај домашните туристи, се очекува зголемен број na странски гости, особено од Србија и Романија, кои најчесто транзитираат низ регионот, но сѐ почесто решаваат по неколку дена да останат на дојранското крајбрежје.
Според проценките, нивниот број би требало да порасне за околу 30% во споредба со претходните сезони.
Во текот на летото, Дојран ќе понуди и низа манифестации и активности кои ќе ја збогатат понудата и ќе привлечат различни категории на туристи. Локалната самоуправа потсетува дека Дојран не е само летна дестинација, туку место кое нуди потенцијал за туризам во текот на целата година.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар