Македонија
1. January 2026 - 19:13

Македонец исчезнат во пожарот во Швајцарија - семејството бара помош за пронаоѓање

Апел за помош до јавноста по исчезнувањето на младиот Стивен Ивановски во Швајцарија од страна на неговото семејство и пријатели.

Последен пат е виден за време на пожарот што избувна на 31 декември во барот „Ле Констелејшн“ (la Constellation) во познатиот зимски центар Кран-Монтана.

Стивен бил облечен во бели панталони и бел дуксер. Постои можност кај себе да ги има и специфичните очила за сонце кои ги носи на сликите.

Апел за помош: Семејството упатува молба до сите кои можеби го виделе Стивен, или имаат информација дали бил примен во болниците во Женева или Цирих, веднаш да контактираат на следните телефонски броеви:

076 415 0868
076 385 7165
078 229 5745

„Братучед ми е исчезнат во пожар вчера во Швајцарија. Ако некој го има видено, нека нè контактира“, стои во апелот напишан на македонски јазик.

Сител го контактираше и МНР, но засега нема потврдени информации.