Македонија
29. December 2025 - 16:31

Парламентот го изгласа Законот за Судски совет

Парламентот даде зелено светло за Законот за судски совет. Со 73 „за“ и 1 воздржан пратениците ги изгласаа измените со кои се предвидува јавност во постапката за разрешување на претседател на Советот, се прецизираат и критериумите за избор на „истакнат правник“ за член на советот и воведување јавна расправа при избор на кандидатите за не-судски членови, јасно прецизирање на постапката за дисциплинска одговорност на судиите, но и на членовите на судскиот совет.

Иако и опозицијата даде поддршка за закон кој е дел од реформскиот пакет, велат дека начинот на кој влегол во собраниска процедура е во спротивност со насоките од оценската мисија и препораките на венецијанската Комисија.

За Левица ова не се радикални, туку козметички измени, кои не водат кон вистинска борба со корупцијата.

За мнозинството, ова се измени со кои се воведуваат стандарди за транспарентност и отчетност, а е во целост со насоките на Венецијанската комисија.

Од Министерството за правда како предлагач на измените, овој закон ја поставува основата за силен, независен и транспарентен Судски совет, но и усогласување со европското законодавство