Македонец шверцувал 850 грама златна плочка во кондура на Богородица | ФОТО

Царинските службеници на граничниот премин Богородица спречија обид за криумчарење злато вредно околу 4,5 милиони денари, при контрола на автобус кој сообраќал на релација Гостивар–Истанбул.
При излез од државата, автобусот бил издвоен за детална контрола поради основани сомневања. При претрес на патник, македонски државјанин, во неговиот чевел била пронајдена златна плочка тешка 848 грама, обвиткана во бела хартија.

Според Царинската управа, плочката била претходно чувана во сакото на патникот, но непосредно пред контролата била сокриена во обувката со цел да се избегне откривање.
Против лицето е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“ до надлежното Основно јавно обвинителство во Гевгелија.

Од Царинската управа информираат дека продолжуваат со засилени активности за спречување на нелегална трговија и криумчарење, со цел заштита на државните економски интереси.
Ново на Сител
-

Трајанов: Сега е времето да ги бараме досиејата на УДБА
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување насилен екстремизам
-

До 15 години затвор за корупција
-

Мицкоски: Имаме најстабилна Влада во овој дел на Европа
-

Полицијата ќе отстранува потенцијални насилници од сопствениот дом на 48 часа
-

Почна расправата за буџетот: Колку ќе собере, а колку ќе потроши државата догодина?
-

Мицкоски: Зимата ќе биде тешка - ќе сториме се за да нема големи поскапувања
-

Скопје слави 82 години од ослободувањето
